Ќерката на Том Круз фантастично стилизирана за нејзина возраст: Најголем пример ѝ е нејзината мајка
Сури Круз е новата модна икона, тврдат обожавателите ширум светот...
Ќерката на холивудскиот актер Том Круз и Кејти Холмс, Сури Круз е фотографирана на њујоршките улици во панталони со леопард дезен и уште еднаш докажа дека е новата модна икона.
Имено, таа е фотографирана во совршена комбинација за една девојка од 14 години, додека со пријателите оди во супермаркет на Менхетен, каде воедно изгледа многу елегантно.
Сури на себе носи панталони со зелени леопард шари, сива маичка и апостолки во зелена боја. Заштитната маска, секако беше дел од нејзиниот стајлиг, што зборува за нејзината одговорност.
„Сури Круз е модна икона“ - тврдат обожавателите и додаваат дека таа многу убаво се облекува, по примерот на својата мајка Кејти, која неколку пати беше прогласена за најдобро облечена актерка во Холивуд.
Може да ве интересира:
Од раѓање имаат милиони: Ова се најбогатите деца за 2020 година