Ќерката на Жељко Јоксимовиќ изненади со промената: Ја обвинуваат дека се оперирала, а вака изгледаше некогаш (ФОТО)
Фотографии од неа без голема уста не постојат...
Жељко Јоксимовиќ со години е во брак со водителката Јована Јоксимовиќ, со која има три деца.
Имено, прво го добија синот Константин, а потоа близначките Ана и Срна.
Познатата двојка својата приватност ја чува од медиумите, а малку е познато и дека на Жељко ова му е втор брак. Тој во 90-тите години се ожени со Весна, својата девојка од средношколските денови, а круна на нивната љубов е ќерката Мина.
Првата ќерка на Жељко е многу активна на социјалните мрежи, каде ја следат повеќе од 25.000 луѓе.
Нејзината последна објава, на која се гледа дека ја осветлила косата предизвика бројни реакции.
Имено, кога оваа фотографија ќе се спореди со нејзините стари фотографии, јасно се гледа дека Мина направила многу естетски корекции. И порано наследничката на Жељко наиде на слични обвинувања, но никогаш не се огласуваше на оваа тема.
За потсетување, Мина од неодамна е дипломиран музичар, а дали ќе продолжи по стапките на својот познат татко останува да видиме.
фото: Принтскрин / Инстаграм