Кое лице стои позади FaceApp? Запознајте го најбогатиот Русин кој ја лансираше апликацијата!
За можноста пред време да ѕирнете во иднината и да дознаете како ќе изгледате како баби и дедовци, одговорен е Јарослав Гончаров кој има 40 години и кој моментално е „најбараниот“ човек на светот.
Гончаров дипломиран на Факултетот за математика и механика на Универзитетот во Санкт Петербург. Пред да ја смисли FaceApp апликацијата, тој бил технички директор на SPB Software, компанија за апликации и игри на смарт телефони.
SPB Software во 2011 година за 38 милиони долари ја купила руската компанија Yandex, која често ја нарекуваат и Руски Гугал, а Јарослав две години подоцна ја напуштил истата за да го основа Wireless Lab, кој исто така е специјализан за апликации за мобилни телефони. Првиот познат проект Wireless Lab е всушност FaceApp.
Полека започна да создава богатство. Сепак, најголемиот успех на Гончаров, најверојатно и стрес се појавил со компанијата FaceApp. Ја лансирал најголемата апликација на светот, која користи филтри за вештачка интелигенција која им овозможува на корисниците да видат како ќе изгледаат кога ќе остарат и која за само 10 дена заработила дури милион долари.