Кога ќе се појави таа, сѐ паѓа во втор план: Убавата ќерка на Моника Белучи не престанува да воодушевува (ФОТО)
Многумина ѝ предвидуваат голема и успешна кариера...
Каква мајка, таква ќерка. Ова дефинитивно е применливо во случајот на Моника Белучи и нејзината ќерка Дева Касел.
Во градот Сиракуза на Сицијалија, на модната ревија на модната куќа „Долче и Габана“, сите симпатии на публиката ги украде ќерката на популарната актерка.
Иако порано се коментираше дека Дева не е идентична на Моника, не може да се оспори дека овалното лице, црната коса и носот не се добитна комбинација за нејзината кареира како модел, која константно се движи по нагорна линија.
На ревијата на „Долче и Габана“, Дева се прошета во проѕирен, елегантен фустан од бела чипка, под која се гледаше долната облека, која за таа прилика ѝ беше во црна боја.
Комбинацијата е надополнета со црни ракави и светкави балетанки.
Инаку, италијанските медиуми ја пренесоа информацијата дека оваа 17-годишна девојка веднаш откако се симнала од пистата, се онесвестила, наводно поради топлината. Но, задачата секако ја завршила беспрекорно.
Деца, исто како нејзината мајка, редовно соработува со познатиот италијански двоец и е ѕвезда на нивните бројни кампањи.
фото: Принтскрин / Инстаграм