Кога познатите ѕвезди ги украсуваат елките: Ова се најлуксузните и најгламурозните новогодишни елки на богатите (ФОТО)

Кога познатите ѕвезди ги украсуваат елките: Ова се најлуксузните и најгламурозните новогодишни елки на богатите (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Тие не штедат на украсите ниту за Божиќ, а крајните резултати се импресивни...

Богатите и познатите ги обожаваат божиќните празници, исто како и сите останати луѓе на светот.

Разликата помеѓу нас и нив е тоа што тие можат да дадат повеќе пари и да се расфрлаат со супер луксузни украси или да изнајмат дизајнери за ентериер за елките да им изгледаат спектакуларно.

Ги проверивме нивните профили на Инстаграм и се присетивме на сите величенствени елки, со кои нѐ оставија без зборови.

# Бритни Спирс

Во 2017 година на социјалните мрежи се пофали со тоа како својата вила во Калифорнија ја претворила во вистинска мала бајка. Во средината на пространата дневна соба стоела елката на која преовладуваат сијалички во сина боја и со која луѓето беа воодушевени.

# Крис Џенер

Кога луѓето во далечната 2015 година, на социјалните мрежи ја водоа елката на познатата Крис Џенер, беа убедени дека „Christmas“, слободно може да се преименува во „Krismas“.

# Кели Рипа

Едноставно воодушевува оваа сина елка со ѕвезда до таванот. Оваа година актерката едноставно воодушеви со елката со која се пофали на социјалните мрежи, уште на 1 декември.

# Елката на британското кралско семејство

Прекрасната 20-метарска норвешка смрека од 2020 година, украсена со црвено-златна декорација, совршено се вклопува во ентериерот. Веруваме дека целото кралско семејство уживало во оваа глетка, сообено Џорџ, Шарлот и Луис.

# Мараја Кери

Сопственичката на еден од најголемите божиќни хитови „All I Want For Christmas Is You“, во 2016 година навистина се потруди околу декорацијата на елката. Неважно дали за тоа била задолжена самата или нејзиниот платен декоратер, елката секако изгледаше гламурозно, блескаво и големо.

# Џејн Фонда

Легендарната актерка се водела со онаа логика дека на елката никогаш не можеш да ставиш премногу украси. Крајниот резултат е раскошна елка.

# Алесандра Амбросио

Уште една елка во ХХL издание, заради која манекенката се качувала по скали за да ги постави украсите.

# Стив Харви

Холивудската ѕвезда и комичар, кој е познат по организацијата на неверојатни божиќни прослави, во 2017 година на Инстаграм ги воодушеви луѓето со сино-белата елка и двата пингвини од стакло, кои стоеја покрај елката.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: