Кога Саша Ковачевиќ ја крена маицата, на водителката ѝ се „слоши“: Шок сцена во емисија во живо (ВИДЕО)
Саша
Ковачевиќ предизвика бурни реакции во студиото кога ја крена маицата!
Саша Ковачевиќ од почетокот на својата музичка кариера важи за еден од најзгодните пејачи на сцената. И оправдано, со оглед на тоа дека изгледот му е на прво место, редовно тренира и се грижи за исхраната. Иако претходно беше послаб поради здравствените проблеми, сега повторно го „врати“ мускулестото тело, секако благодарение на напорните вежби.
Па следствено на ова, пејачот често го остава понежниот пол без здив кога ги споделува своите фотографии на социјалните мрежи, а овој пат, тој тоа го направи во живо.
Имено, Саша гостуваше една емисија во живо, па во еден момент во текот на разговорот тој ги покажа стомачните мускули на водителката. Таа почна да вреска и да глуми дека ќе се онесвести од убавата глетка, а потоа се насмеа и кратко рече: „Ми гори телото“, што ги насмеа сите во студиото, вклучително и Ковачевиќ. Еве како изгледаше сето тоа:
Фото: Инстаграм