Кој ќе го купи ТикТок: По „Мајкрософр“ и „Твитер“ влезе во трката

Кој ќе го купи ТикТок: По „Мајкрософр“ и „Твитер“ влезе во трката

Преговорите за купување на платформата ТикТок во САД се уште траат, а по „Мајкрософт“, се појави и нов играч - „Твитер“.

Според пишувањето на „Волстрит џурнал“, лидерите на „Твитер“ имале прелиминарни разговори со сопствениците на ТикТок - кинеската компанија „Бајтденс“.

И понатаму не е позната за каква понуда станува збор, но преземањето на оваа платформа во САД е секако примамлива за директорите и основачот на „Твитер“, Џек Дорси.

Добро е познато дека „Твитер“ веќе се обиде да влезе на пазарот со апликации за споделување на видео - материјали, со купување на апликацијата „Вајн“, но овој бизнис не заживеа.

Сепак, краткиот формат на видеа(од 15 секунди до минута) кој ТикТок го користи, е во согласност со деловниот модел на „Твитер“ што се однесува до должината на пораката, па комбинацијата на двете апликации се наметува како природно решение.


Можеби ќе ве интересира: