Кој вели дека снаата и свекрвата не се сакаат: Со една објава на Инстаграм, Викторија Бекам стави крај на озборувањата (ФОТО)
Изгледа дека Викторија ја обожава својата снаа...
Викторија Бекам ѝ го честиташе роденденот на Никола Пелц Бекам и тоа со објава на нејзиниот Инстаграм профил.
На фотографијата ги гледаме Викторија и Никола, во прилично опуштено домашно издание. Седат на маса, се смешкаат, а пред нив има чаши од испиено вино.
Никола, која на 9 јануари наполни 28 години, се омажи за синот на Викторија во април минатата година.
Меѓутоа, во последно време низ медиумите кружат приказни дека односите во семејството не се идилични и дека односот помеѓу Викторија и нејзината снаа е прилично затегнат.
На гласините им немаше крај, откако Никола и Бруклин и овој Божиќ не го прославија со Бекамови. Брачната двојка, божиќните празници ги помина во САД, а Бекамови беа во Велика Британија.
Меѓутоа, со оваа објава Викторија стави крај на озборувањата и на сите им покажа дека е добра пријателка со својата снаа.
фото: Принтскрин / Инстаграм