Која е девојката која го освои ТикТок? Има 19 години и 59,5 милиони следбеници
ТикТок ѕвездата Адисон Реј се подготвуваше за првата година на колеџ кога доживеа вртоглава популарност на оваа мрежа. Нејзината приказна започна со танц и продолжи во тој ритам.
Адисон Реј од Луизијана, САД за ТикТокот слушнала од другарките и девојките со кои одела во училиштето за танцување. На мрежата најпрво се појави во видеата на другите, а потоа во јули минатата година го објави своето прво видео и за „Бизнис Инсајдер“ кажа дека никогаш не добила толку лајкови и коментари на социјалните мрежи.
На ТикТок сега има 59,5 милиони следбеници, а важи за една од најголемите ѕвезди на Интернет, со 27,1 милион следбеници на Инстаграм и со 3,79 милиони следбеници на Јутјуб.
Која е девојката која владее со ТикТок?
На Адисон воопшто не и е тешко да ги смислува и изведува разните танцови, бидејќи од 6 - тата година е на подиумот за танцување. Семејството од почетокот го поддржало нејзиниот подем во онлајн светот, а често во нејзините видеа се појавува и нејзината мајка која исто така има завидна моќ на ТикТок.
Популарноста на Интернет и донесе соработка со Кортни Кардашијан, со чиј син се појави во танцувачки предизвик, како и со јутјуб ѕвездите Дејвид Добрик и Џејмс Чарлс. Нејзиниот танц на хитот „Obsessed“ од Мараја Кери ја воодушеви оваа музичка ѕвезда, која јавно ја пофали.
@addisonre @sherinicolee @yodelinghaley @madi @noahschnapp
Say So x Like That x Do It Again - goalsounds
Адисон е член на првата популарна ТикТок група „The Hype House“, чиј основач Томас Петроу за „Entertainment Tonight“ кажа дека групата за интеграција на една марка заработика околу 40 илјади долари.
Позиционирана е високо на мрежаата која најмногу ја користи генерацијата З и чии ѕвезди стануваат и главни имиња во поп културата.
Девојката која израснала гледајќи го шоуто „Dance Moms“, а која се занимава со хип - хоп, џез балет, класичен балет, првите бранови на популарноста ги забележела додека тргнувала на Државниот универзитет во Луизијана. Колегите од факултет ја препознавале, а на неа тоа воопшто не и пречело.
На есен со мајка и се упатила во Калифорнија каде даде интервју за порталот „Famous Birthdays“, по што започна нејзината соработка со интернет ѕвездите.
Во Лос Анџелес одеше секоја втора недела, а кон крајот на минатиот октомври на ТикТок имаше повеќе од еден милион следбеници. Не велат залудно дека е најтешко да се заработи првиот милион и дека останатите „сами доаѓаат“.
Од Луизијана во Калифорнија се пресели во декември, набрзо нејзиното семејство купи куќа во Лос Анџелес и сега живеат на реалација стариот крај - новиот дом.
@addisonre @keke.janajah @skaibeauty
Captain Hook X Savage - rapidsongs
Цело семејство на ТикТок
Адисон самоизолацијата ја помина во Лос Анџелес со браќата, а нејзиното семејство ја следи праксата на останатите семејства кои се ѕвезди на ТикТок - сите се приклучија на оваа социјална мрежа.
@addisonre Y’all, the more we wash our hands, stay home, and physical distance, the more we ##ownthecurve and get through this together! ##Sponsored 
I Gotta Feeling - Tik Tok Assistant
Во нивниот дом постојано се снимаат видеа и никогаш не е здодевно.
Популарноста е исплатлива. Адисон соработува со познати козметички и споретски брендови, ги вдружи силите со брендот за облека „iamkoko.la“, а има потпишано договор и со холивудската агенција за таленти WMA.
@sherinicolee yummy peeps with my peeps!! @addisonre @enzoelijahl @montyjlopez ##foryou ##happyeaster ##foryoupage ##siblingcheck ##bestfandom
Lost by frank ocean - jaylenrowee
Се што и се случувало го смета за голем благослов и истакнува дека големо внимание посветува да следбениците и дека секогаш има време за нив.