Која е Мирна Савиќ - единствената ќерка на Масимо - поради неа тој ја остави дрогата(ФОТО)
Мирна Савиќ е единственото дете на популарниот музичар Масимо Савиќ кој вчера ненадејно почина по тешката битка со рак. Мирна е всушност доста добро позната во јавноста. Таа е радио водител и блогер.
Масимо ја остави дрогата заради ќерка си, па години подоцна, во една прилика изјави:
„Лесно ми беше да престанам, бидејќи сфатив дека приоритет ми е да имам семејство.
Ја заштитив ќерка ми од сите лоши работи што ми се случија и што ги правев во младоста. Верувам дека мојот живот е поуспешен ако сум подобар татко на ќерка ми и подобра глава на семејството.“
Тој за ќерката Мирна зборуваше дека е многу паметна личност, кон која со неговата сопруга Ени отсекогаш биле искрени, па и Мирна им возвраќала на искреноста.
Пре две години, со својот гест Мирна ја воодушеви цела Хрватска. Таа беше побарана од тим на Фејсбук откако девојчињата кои ја примија облеката што ја донираше таа ги најдоа нејзините пораки во џебовите.
Мирна конечно го контактираше тимот, а на својот Инстаграм објави фотографија на која плаче.
„Цел ден вака“, напиша таа.
Тогаш педагогот од Студентскиот дом „Дора Пејашевиќ' во Загреб, објави статус во кој сакаше да ѝ се заблагодари на Мирна.
- Ја бараме Мирна, која пред околу месец и половина -два месеци донираше облека за студентскиот дом, а облеката беше во карантин неколку недели поради вирусот и не знаевме дека Мирна ставила прекрасни мали пораки полни со љубов во секое палто и јакна - напиша Харапин Гајиќ.
„Драги мои, вие ме расплакавте од среќа ... Пишувам тука затоа што се надевам дека сите мои драги „Палта“ ќе ме слушнат така. Кога ги напишав овие пораки, помислив на девојките што ќе ги најдат и ги замислував нивните насмевки, нивните приказни. Замислив колку сила му треба на едно младо суштество кое живее далеку од своето семејство секој ден, колку е тешко кога не можеш да истрчаш во прегратките на мајка ти кога мангуп ќе ти го скрши срцето за прв пат. Колку мене ми подарил животот, а колку на некоја можеби слична девојка на мене ѝ одземал... Сакав некако да им дадам до знаење на овие девојки дека таму има една Мирна, која би сакала да ги прегрне и да ги насмее сите, иако таа не ги познава “ - напиша тогаш низ солзи младата Мирна, а овој нејзин гест навистина е за секоја пофалба.
Насловна фото: instagram/ В.Тануровски