Која е приказната зад вашиот омилен бренд Вива?
Што ви паѓа на ум кога ќе помислите на свежи, природни сокови кои веќе со години се дел од вашето секојдневие? За многумина од нас во Македонија тоа се соковите Вива — бренд кој веќе три децении е дел од нашите семејни трпези и прослави. Но, колку навистина ја знаете приказната за Вива? И дали знаете дека зад секој Вива сок има дел од приказната исполнета со посветеност, иновации и непоколеблива преданост кон квалитетот.
Вива одбележува 30 години и тоа е нашиот повод да побараме интересни факти за брендот, неговиот успех и значење. Се започнува во 1994 година со визијата на Димитар Јосифовски за создавање на семејна компанија, производител на природни овошни сокови. Визијата стана реалност, а она што тогаш беше амбиција денес е статус. Така, се роди Вива — бренд кој не само што доминира на домашниот пазар, туку предизвикува внимание и на меѓународно ниво. Дали знаевте дека Вива е најголемиот македонски производител на овошни сокови, нектари, каши и пиреа?
На почетокот беа само два внимателно создадени вкусови, коктел и портокал во дојпак пакување, кои веднаш станаа омилени. Денес, Вива има капацитет на производство од 60 милиони литри годишно, а магијата се создава на 50.000м² во Македонија, толку се просторните капацитети на Вива. Она што ja прави оваа компанија толку посебнa е тоа што е македонски бренд кој користи македонско овошје и зеленчук и на тој начин го стимулира локалното земјоделство, создавајќи производи со врвен квалитет.
Вива е повеќе од само бренд на сокови, таа е глобален амбасадор на македонскиот квалитет. Соковите се извезуваат во повеќе од 30 земји во светот, а пред да стигнат на полиците, секој производ поминува низ строга контрола на квалитет. Производниот процес е прецизно контролиран за да се осигура дека соковите остануваат свежи, хранливи и полни со вкус. Со применување на современата технологија за пастеризација се продолжува рокот на траење на производите и се задржуваат витамините и минералите без додавање на адитиви и конзерванси. Секоја година, компанијата вложува значителни ресурси во развој и тестирање на нови вкусови со цел да ги задоволи различните вкусови на потрошувачите.
Компанијата нуди разновиден асортиман на производи во практични пакувања, вклучувајќи нектари, 100% овошни сокови, цедени сокови, ладни чаеви, како и смути, доматни сосови и кечапи, сите произведени со сопствена преработка на овошје и зеленчук, наменети за потрошувачи кои се стремат кон здрави и природни опции за балансирана и квалитетна исхрана.
Вива е водечка компанија во Македонија со најголеми капацитети за преработка на овошје во индустријата во која делува. Тие преработуваат вишни, праски, јаболка и капини, претворајќи ги во вкусни сокови и каши кои се извезуваат и во Кина, Катар, Кипар, Алжир, САД, Данска, Ирак и други земји. Овошните каши од Вива се користат во производството на детска храна и кондиторски производи. Квалитетот на овие сокови, меѓу другото, се должи на посветеноста кон создавање производи во периодите кога овошјето е најсвежо и најквалитетно, што резултира со неодоливи вкусови. Исто така, овие сокови овозможуваат достапност на овошје во текот на целата година, а не само во сезоната.
Компанијата е длабоко посветена и на одржливост и општествена одговорност со инвестиции во локалното земјоделие, здравството, образованието, спортот, едукацијата на најмладите и поддршката на детските културни настани.
Оваа година, Вива слави 30 години постоење - патување обележано со страст, упорност и посветеност да биде најдобра. Без разлика дали станува збор за иновативни производи, одржливи практики или лидерство на локалниот и глобалниот пазар, Вива и понатаму е инспирација за успех.
Бонус „факт“ - следниот пат кога ќе си ставете чаша Вива сок, знајте дека уживате не само во вкусен сок, туку и во наследство на традиција, квалитет и иновација.