Колоритни, весели и креативни јадења од кујната на сестрите Маја и Ирена

Колоритни, весели и креативни јадења од кујната на сестрите Маја и Ирена

Објавена во: Stars // Интервјуа

Sisters' Kitchen е актуелна страницата за готвење, на Фејсбук и Инстаграм, основана од сестрите Маја (Рамона) Крстевска Коларова и Ирена Крстевска Стевановска. 

Готвењето е секојдневна работа која со многу љубов може да се претвори во вистинска уметност - доказ за тоа е храната приготвена од вредните раце на овие две сестри.

Во интервју за Хаштаг, Маја и Ирена откриваат дека уште од најмала возраст биле сведоци на вкусна и убаво сервирана храна од нивната мајка и нивните баби.
„Убавото и естетско око го наследивме од родителите. Многу рано почнавме со готвење, секогаш кога останувавме сами дома. За да се готви убаво, пред се' треба да се има желба“, вели Маја, која инаку е професор по македонски јазик во ООУ „Ванчо Прке“ - Штип.

Се разбира дека наследниот фактор влијае, но сепак, двете сестри уверуваат дека секој може да научи да направи вкусна храна.
„Ние и додека готвиме онака „за по дома", гледаме секогаш да биде убаво сервирано. Внимаваме на деталите. Понекогаш може да подготвиме нешто и за 20 минути, а тоа да биде супер вкусно и убаво да изгледа, но некогаш поминуваме и многу време во кујна. Најважно од се' е дека уживаме и готвиме со љубов. Затоа решивме да направиме нешто што ќе биде поттик за сите кои уживаат во убавата храна. Така се роди идејата за Sisters'Kitchen“, велат тие.

Секојдневните брзи, лесни и креативни рецепти ги објавуваат на Фејбук профилот Sisters' Kitchen и на Инстаграм (sisters_kitchen_art). Преку колоритни, весели и креативни фотографии и видеа ја разбиваат монотонијата во кујната. Доколку сакате вкусни, брзи, здрави и едноставни рецепти посетете ги нивните профили и уживајте во вкусовите.

Погледнете некои од нивните креативни, а веруваме и превкусни јадења:


*Љ.И

Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: