Комбо на денот: Екс мисицата Маја Глигоровска во ултра шик издание
Македонската екс мисица Маја Глигоровска иако повеќе не се занимава со јавна професија и работи како одделенски наставник, деновиве повторно е актуелна во јавноста. Сите зборуваат за нејзината спектакуларна роденденска забава по повод 40-от роденден, каде ги собра своите најблиски.
Дека за неа годините се само бројка, говори и фактот што постојано споделува фотографии на Инстаграм на кои изгледа како тинејџерка. Една од тие е и следната, на која е облечена во комбинација која е идеална за секоја млада девојка.
На белата кошула со карнери на ракавите и шорцевите со интересен дезен е ставен главниот акцент на оваа комбинација, додека истата ја има збогатено со црни чизми до колена и црна чанта.
Оваа комбинација дефинитивно може да ја искористите за следната забава или прошетка, на која ќе сакате да се издвоите од масата.