Комбо на денот: Кејт Мидлтон во патики од 6.000 денари

Комбо на денот: Кејт Мидлтон во патики од 6.000 денари

Објавена во: Мода // Moj стил

Идната принцеза, Кејт Мидлтон е позната по својата беспрекорна елеганција и женствен стил, но секогаш нè воодушевува дури и кога ќе се одлучи за лежерни комбинации, иако тоа е вистинска реткост.

Војвотката од Кембриџ ретко избира опуштено, донекаде спортско издание, но се случува и тоа.

Ова е едно од безвременските изданија на Кејт каде изгледа модерно и урбано во фармерки, кои ги комбинираше со памучна бела маичка и феноменално сако во бојата на лосос, потпишано од брендот CHLOÉ.

Кројот на сакото ѝ ласка женската фигура и дава прекрасна силуета, а неговата цена е вртоглаво висока - чини околу 2.000 евра!

Интересен е и изборот на обувки на војвотката, таа се одлучи за својот омилен модел на патики - кожа, едноставна и бела со препознатлив знак V, потпишан од францускиот бренд Veja.

Убавата војвотка ретко е во рамни, спортски обувки, а кога ќе реши да го стори тоа, скоро секогаш ги носи овие патики, кои ги полудеа трендсетерките ширум светот. Станува збор за квалитетен модел чија цена е околу 100 евра, и лесно може да се комбинираат - со тренерки и хеланки, како и со летни фустани и здолништа.

Дали ви се допаѓа ова издание на Кејт?

фото:Profimedia

извор:zena.blic.rs


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: