Комбо на денот: Пролетна комбинација во режија на Александра Шијакоска

Комбо на денот: Пролетна комбинација во режија на Александра Шијакоска

Објавена во: Мода // Moj стил

Комбинација за чиста 10-ка...

Една од најпознатите македонски инфлуенсерски по тешкиот период, поврзан со борбата со туморот на главата, полека, но сигурно во полн сјај се враќа на социјалните мрежи.

Повторно ги инспирира своите следбеници со модните комбинации, а последната во низата е вистинско решение за тоа како да изгледате одлично во овие пролетни денови.

Комбинацијата на Шијакоска е составена од пастелно розови панталони и сако и бела широка кошула. Со шарениот накит во розова, жолта и бела боја ја заокружи целата комбинација, а воедно и го разигра целиот изглед.

Сандалите во циклама боја, розовата чанта и розовата марама врзана на глава, само уште повеќе ја збогатија оваа кодна комбинација.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: