Комбо на денот: Селена Гомез и нејзината полусестра се најслаткото модно дуо
Селена Гомез во емисија отворено зборуваше за менталното здравје и што е тоа што нејзе ѝ помогнало да си го заштити и зачува колку што е можно повеќе.
Таа откри дека веќе четири и пол години не користи интернет, а апликацијата Инстаграм ја има избришано од нејзиниот мобилен иако е една од петте најследени личности на оваа платформа.
Но затоа постои тим кој го води нејзиниот профил со цел нејзините фанови да можат да испратат што се случува во нејзниот живот, па неретко таму можат да се најдат и приватни фотографии, како онаа со нејзината полусестра Грејси Елиот.
Преслатките фотки со Грејси веќе имаат близу седум милиони лајкови, а двете изгледаат како две модни икони.
Селена во свечен розов, а нежен фустан и малата Грејси во пресладок блескав тегет фустан, прегрнати, предизвикаа многу позитивни реакции.