Конечно издаден е налог за апсење на момчето на убиената блогерка, Габи Петито: Правел и други злосторства

Конечно издаден е налог за апсење на момчето на убиената блогерка, Габи Петито: Правел и други злосторства

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Пред неколку дена беше пронајдено телото на мистериозно исчезнатата јутјуберка Габи Петито, а експертите брзо утврдија дека се работи за убиство. Иако се' укажуваше дека нејзиното момче Брајан Лаундри е поврзан со случајот, полицијата дури сега издаде налог за негово апсење, пренесува Е! Вести. Во меѓувреме, следуваат и други страшни приказни за него.

Според соопштението на ФБИ, распишана е официјална потерница за негово апсење, но поврзаноста со убиството не е единствената причина за тоа. Наводно, Лаундри бил разбојник кој испразнил неколку банкарски сметки и дебитни картички кон крајот на август и почетокот на септември.

Инаку, Габи и Брајан беа на заедничко патување, но работите станаа драматични откако тој се врати дома сам. Кратко потоа, нејзиното семејство ја пријавило како исчезната, а во меѓувреме, Брајан избегал и се' уште не е познато каде се наоѓа. За многумина, тоа беше доволно за да се посомневаат дека тој е директниот виновник за нејзината смрт.

За жал, 'задоцнета памет' е најлошото нешто, така што пријателите на Габи дури сега излегуваат во јавност и велат дека одамна им било јасно дека нејзината врска е опасна. Како што истакнуваат, нивната врска отсекогаш била многу нестабилна. „Беа многу токсични, но исто така изгледаа многу среќни. Се чинеше дека навистина се сакаат “. 

Што точно се случило, најдобро ќе знаеме кога Брајан ќе биде уапсен, што изгледа неизбежно.

извор:Famoza.net  

Повеќа на оваа тема: Инфлуенсерката Габи Петито, која мистериозно исчезна е пронајдена мртва: Се трага по нејзиното момче

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: