Контроверзниот победник на Евровизија ги освои срцата на жените: Погледнете каков фраер бил пред неколку години
На фотографиите кои кружат на социјалните мрежи имал руса коса и ниту една тетоважа...
Моментално најпопуларниот Италијанец Дамијано Давид, фронтменот на групата Манескин, која победи на Евровизија во Ротердам привлече големо внимание со својот необичен изглед.
Младата рокенрол ѕвезда по победата се најде во центарот на вниманието со скандалот поради наводното користење на наркотици на Евровизија и тоа за време на преносот во живо. Тој го дематираше споменатото видео, а доброволно ќе оди на тестирање.
Овој Италијанец за кој полудеа жените ширум Европа, популарноста ја добил во 2017 година со учеството на италијанската верзија на музичкото талент шоу „Х-фактор“. Тогаш ги немал тетоважите по кои е денес препознатлив, како ни високи потпетици, но имал неколку килограми повеќе.
Во продолжение погледнете како изгледал Дамијано пред неколку години:фото: Profimedia