„Користи препарати од 500 долари, но вода и сапун не“: Зоранах ја згрози јавноста, два дена не ја отстранувала шминката (ВИДЕО)

„Користи препарати од 500 долари, но вода и сапун не“: Зоранах ја згрози јавноста, два дена не ја отстранувала шминката (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

И овој пат нејзината наводна нехигиена предизвика лавина коментари...

Инфлуенсерката Зорана Јовановиќ Зоранах уште еднаш се најде на мета на корисниците на Интернет. Освен тоа што блогерката претерува со Фотошопот и „уредувањето“ на своите фотографии, таа често предизвикува негативни коментари и поради хигиената.

Откако кучето на Зоранах во едно од претходните видеа ја грицкаше нејзината четка за заби, овој пат блогерката јавно призна дека два дена не ја отстранува шминката од лицето, што предизвика гадење.

„Веѓите и понатаму стојат, не се поместуваат, без оглед на тоа што ја отстранив шминката, нив не ги миев, но буквално не се помрднаа два дена“ - кажа Зоранах, рекламирајќи еден скап производ, не забележувајќи дека набрзо ќе се најде на столбот на срамот.


„До кога оваа будала ќе ја рекламира својата нехигиена? Користи препарати од 500 долари, но и понатаму не користи сапун и вода. Ако се правда дека ја отстранува шминката, ништо не вреди без сапун и вода, ништо, ништо, ни најскапите машини на светот, ни ботоски, ни филери“ - напиша една корисничка на Твитер, додека другите се сложија со неа.

„Таа веќе долго време остава впечаток дека тоне кон дното што се отсликува и на нејзиниот сѐ поисцрпен изглед. Очигледно е дека не е добро и дека тоне“ - гласеше еден од негативните коментари.

„На неа навистина ѝ треба психотерапија“ - напиша една корисничка, додека сличните коментари само се редеа.

Многумина сметаат дека инфлуенсерката е во депресија, а исто така забележале и дека сите видеа кои претходно беа објавени на Инстаграм, Зоранах ги избришала.

фото: Инстаграм/Принтскрин

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: