Kралица на Halloween: Хајди Клум на оригинален начин ја одбележа Ноќта на вештерките

Kралица на Halloween: Хајди Клум на оригинален начин ја одбележа Ноќта на вештерките

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Секоја година за Ноќта на вештерките, познатата манекенка Хајди Клум докажува дека  е кралица на трансформациите, и годинава успеа да ја задржи таа титула.

Клум, ја воодушевуваше јавноста со своите костуми низ годините, вонземјанин, зомби, Џесика Рабит и Фиона од Шрек.

Во едно свое интервју таа самата призна дека седела со часови на столчето за шминкање за маските да бидат навистина погодени и уникатни. 

- Најмногу ми се допаѓа кога луѓето можат да избегаат и да се трансформираат во друг. Со шминка и костум можете да бидете секој, и било што. Тоа им овозможува на повеќето луѓе да бидат слободни и да се забавуваат “, изјави тогаш таа.

Годинава манекенката не направи гламурозна забава по повод Ноќта на вештерките поради пандемијата од коронавирс, но затоа сними оригинално видео и со тоа го  прослави овој празник на свој начин.

- Одлучив да снимам краток хорор филм. И со кого е подобро да го сториш тоа отколку со твоето семејство - рече таа.



Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: