Кралиски правила или е нешто друго во прашање: Зошто синот на Меган и Хари ја нема титулата „принц“?

Кралиски правила или е нешто друго во прашање: Зошто синот на Меган и Хари ја нема титулата „принц“?

Објавена во: Живот // Живот

Има ли логика?

Во петокот Меган Маркл и принцот Хари станаа родители по вторпат. Војвотката од Сасекс на свет ја донесе ќеркичката Лилибет „Лили“ Дајана. Тие веќе се родители на малиот Арчи, но тоа сигурно веќе го знаете, но знаевте ли дека Арчи ја нема титулата „принц“?

Но, сега ќе дознаете зошто малиот Арчи не е принц, туку ја има титулата 'мастер'.

Она што ја збуни јавноста е фактот дека Арчи не ја носи титулата принц, туку 'мастер'. Со целосно име, тој е 'Мастер Арчин Харисон Маунтбатен - Виндсор'.

Зошто е тоа така? Па, едноставно е. Во кралското семејство постојат јасно дадени правила според кои се доделуваат имињата, титулите и се овластуваат нејзините членови и според тој правилник, Арчи е именуван за мастер, а не за принц.

Имено, уште во далечната 1917 година, кралот Џорџ V, го ограничи бројот на членови на семејството на кои може да им се додели кралска титула.

Според неговите зборови:

„Внуците на синовите во права машка линија ќе имаат можност да ги уживаат стилот и титулата како што ги уживаат децата на војводата во ова наше кралство“.

Што во основа значи дека титулите „принц“ и „принцеза“ се ограничени на децата на кралевите и кралиците. На пример, принцот Чарлс, принцот Едвард и принцезата Ана имаат синови принцови и ќерки принцези.

Но, бидејќи прицот Хари е втор син на принцот Чарлс, неговите деца не може да ја имаат титулата „принц“ или „принцеза“. Затоа Арчи е мастер.

фото: SAMIR HUSSEIN/GETTY IMAGES

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: