Кралското семејство стравува: Принцот Хари се заканува дека ќе „отиде предалеку“
Принцот Хари би можел да ја премине границата и со своите изјави да отиде предалеку, а ова ги загрижува сите членови на кралското семејство, особено неговиот брат, принцот Вилијам.
Принцот Вилијам е загрижен дек Хари „ќе претера со своите исповеди и бомбастични изјави“, пренесува порталот news.com.au.
Се наведува дека војводата од Кембриџ е загрижен дека неговиот помлад брат би можел дополнително да ги наруши односите со кралското семејство.
Другиот извор е за „Дејли Мејл“ кажал дека Вилијам е разочаран и „многу загрижен поради најновиот документарец на Хари во кој принцот Чарлс е на мета.“
Принцот Хари во досегашните интервјуа обвини некои членови на кралското семејство дека се покажале како „апсолутно незаинтересирани“.
Тврдеше дека „Чарлс го предизвикал неговото страдање и дека не му помогнал по смртта на мајка му во 1997 година“.
Исто така, зборуваше за битките на Меган со психичкото здравје кои не наишле на разбирање од семејството.
Изворот дополни и дека најблиските на Хари стравуваат од тоа „што би можел да каже во идните интервјуа“.