Криси и Џон ја покажаа својата новородена ќерка Ести Максин: Луѓето дебатираат на кој повеќе личи (ФОТО)

Криси и Џон ја покажаа својата новородена ќерка Ести Максин: Луѓето дебатираат на кој повеќе личи (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Преслаткото бебе ги разнежни сите на социјалните мрежи...

Поранешната манекенка и инфлуенсерка Криси Тајген пред две недели на свет ја донесе ќерката Ести Максин.

Освен новородената Ести, Криси ја има и 6-годишната ќерка Луна Симон, како и 4-годишниот син Мајлс Теодор со сопругот Џон Леџенд.

Криси и Џон не успеаја да издражат, па на своите Инстаграм профили се пофалија со фотографии од бебето.

Пејачот објави фотографија на која позира со насмевка од уво до уво, додека ја чува ќеркичката.

„Нашата нова љубов“ - стои во описот на фотографијата.

Криси пак, сподели објави на која ја држи малата Ести во прегратка.


Под објавите се нижеа коментари и честитки, кои им ги упатуваа и другите јавни личности. На пример, Крис Џенер напиша колку е прекрасна малечката, исто како и нејзината мајка. И додека едни гледаат сличност со Криси, други се уверени дека бебето е копија на Џон.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: