Крушата под круша паѓа: Цеца откри на кој личи малиот Ражнатовиќ

Крушата под круша паѓа: Цеца откри на кој личи малиот Ражнатовиќ

Објавена во: Живот // Живот

Минатата година семејството на познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ се прошири за уште еден член. Имено, Цеца стана баба, а нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ стана татко.

Снаата Богдана на 3 јуни на свет го донесе наследникот на младиот боксер, малиот Жељко. Целото семејство на чело со гордата баба постојано споделува фотографии и видеа од него, а тоа им овозможува на обожавателите да го следат растењето на момчето.

Обожавателите на ова семејство, на еден профил на Инстаграм споделија фотографија на која се споредени две фотографии. На едната е Вељко како дете, а на другата неговиот син. Оваа фотка ја сподели и познатата пејачката, со што потврди дека обожавателите се во право и дека малиот Жељко е копија неговиот татко.



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: