КСИ против Логан Пол: Каде ќе може да го гледате мечот на годината?

КСИ против Логан Пол: Каде ќе може да го гледате мечот на годината?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Јутјуберите ќе ја решат својата расправија на 9 ноември во Лос Анџелес.

Првата борба помеѓу овие два јутјубери се одржа во Арената Манчестер во Манчестер, Англија. Истата заврши со шдрепка, по шест рунди. Двајцата судии имаа рамномерен резултат, додека едниот од нив му даде блага предност на КСИ (58 - 57). Веднаш по борбата, овие интернет ѕвезди сакаа да биде закажан реваншот.

Првиот меч наводно имал над 1,05 милиони гледачи низ целиот свет.


Новата борба е закажана во центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес, иако КСИ претходно напомена дека не сака борби во Лос Анџелес поради временскиот фактор на Западниот брег.


Реваншот од борбата на годината ќе се пренесува и во живот на DAZN, а за да ја гледате истата треба да бидете претплатени. Првата борба се емитуваше на Јутјуб преку услугата за плаќање, но овојпат тоа нема да биде опција. Доколку сакате да ја гледате борбата на познатите јутјубери, ќе треба да се претплатите на DAZN.

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: