Куче нападна 3 - годишно девојче: Таткото едвај успеал да ја одбрани

Куче нападна 3 - годишно девојче: Таткото едвај успеал да ја одбрани

Објавена во: Совети // Семејство

Куче скитник во петокот вечерта на старата автобуска станица во Ваљево нападна 3 - годишно девојче. Од нападот девојчето го заштитило неговиот татко, кој вели дека сето ова се случило додека поминувале покрај кафуле. На девојчето на кое кучето му се фрлило кон главата, во Ургентниот центар му била укажана помош.

Една убава вечер и прошетка за семејство на М.М. се претворила во вистински кошмар. Имено, на враќање од Тешњарските вечери, М.М. со својата ќерка поминувал покрај кафулето на старата автобуска станица.

„Мојата ќерка одеше покрај мојата лева нога. Кучето седеше, јас го забележав. Детето рефлексно ја пружи раката кон его, бидејќи таа сака кучиња и самите ние имаме дома. Кучето со неверојатна брзина тргна кон нејзината глава. Таа успеа само да се сврти наназад, но ја фати за образот два пати пред да успеам да ја одбранам“ - раскажува жителот на Ваљево.

На образот на детето јасно се гледаат траги од нападот и малата Н.М. не знае да каже многу за случувањето, но и таткото слабо се сеќава што следело.

„После тоа слабо се сеќавам на деталите. Искрено, бев во голема паника. Кучето побегна. Јас го внесов детето во кафулето, додека една жена и го бришеше образот, ја сопираше крвта и го смируваше. Ја повикав сопругата да дојде со автомобил по нас. Панично викав. Заминавме во Ургентниот центар каде што и беше укажана помош“ - вели М.М.

По неговите зборови луѓето кои седеле во околните кафулиња се собрале видно згрозени од случувањето, но никој конкретно не понудил помош.

„Имаше многу луше. Други деца не забележав, ви велам дека бев во голема паника, таа плачеше, беше уплашена, образот и крвареше, не можев добро да видам ни кој ја имаше гризнато. Не знам што да ви кажам, ова никогаш нема да го заборавам, се надевам дека таа ќе го заборави и дека нема да има страв од животни, конкретно кучиња“ - додаде М.М. кој повтори дека се семејство кое генерално сака кучиња.

Нападот на девојчето не е прв во Ваљево и кучињата скитници се голем проблем на градот кој очигледно го решава, така што се дава можност за тужби и по проценка на комисија се врши исплата како надокнада. Големо е прашањето дали парите се сатисфакција и решение за претрпениот срав на девојчето од три години.

„Сите ми зборуваат да го тужам градот, но уште немаме донесено одлука за тоа. Сега ни е најважно таа да биде добро. Лично сметам дека не постои решение за кучињата скитници. И најмногу ги обвинувам луѓето кои ги исфрлаат на улица и секако градот кој тоа не го решава и не казнува. Не знам што би кажал освен дека не сакам ова да се случи повеќе ни на едно дете“ - го изнесе својот став М.М.


Извор: telegraf.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: