Куче со крив нос: Со години никој не сакал да го посвои
Кучето Џуд со години било во азил за кучиња и чекал да се појави вистинското семејство на кое нема да му кречи неговиот крив нос.
Ова необично куче има 6 години и е потполно здраво, но поради носот изгледа поинаку од останатите кучиња и поради тоа дури три години никој не сакал да го вдоми.
Dog who 'always looks confused' left in shelter for years due to his wonky nosehttps://t.co/Bux7Lt4xy5 pic.twitter.com/E3IOmPqcnF
— Daily Mirror (@DailyMirror) January 25, 2020
На крајот Џенифер Мур и нејзиниот партнер Џозеф Карвер го здогледале Џуд и се вљубиле. Нив ги повикале на помош како привремени старатели за кучиња во август 2019 година, пред ураганот Дориан.
Иако тоа требало да биде само привремено, се испоставило дека кучето со крив нос тогаш го пронашло својот дом.
„Немавме идеја дека Џуд изгледа вака, но неговиот нос не влијае негативно на ниту еден начин - тој е потполно здрав“ - вели Џенифер и додава дека веднаш откако го земале Џид сфатиле дека им е судено да го задржат.
„Кога помина ураганот просто не можевме да го вратиме, беше потполно слободен кај нас, дури спиеше на креветот“ - истакнува таа. Џуд поради носот станал вистинска атракција во нивниот крај, како и тоа дека постојано делува како да е збунет.
Сопсетвениците на ова куче се надеваат дека на овој начин ќе успеат да им покажат на луѓето дека треба да посвојуваат и необични животни, бидејќи не се помалку вредни од останатите, пишува британското Метро.
Jude's unusual looks meant he wasn't adopted for years https://t.co/nhn4PJkU9n
— Metro Lifestyle (@MetroUK_Life) January 25, 2020