Куќата на ужасoт на Веља Невоља во Белград: ДНК примероци на жртвите се пронајдени во мелница за месо (ВИДЕО)
Александар Вулин потврди дека истражителите пронашле не само оружје и експлозиви, туку и мелница за месо во куќата на Веља Невоља. Истрагата покажа дека во неа имало различни примероци на ДНК
Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин објави дека стручните извештаи потврдуваат дека неколку примероци на ДНК од разни жртви се пронајдени во мелница за месо пронајдена во куќата на кланот Вељко Беливук, наречен Веља Невоља и Марко Миjковиќ, во белградската населба Ритопек. .
Вулин рече дека ниту еден криминал од тој клан нема да остане нерешен.
- Откако најдовме тајна просторија во куќата на ужасот во Ритопек, во која покрај оружје и експлозив, имаше и индустриска машина за мелење месо, припадници на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за организиран криминал потврдија дека машината содржеше неколку ДНК на различни жртви на тој клан - рече тој, додавајќи дека „убиствена група“ мачела и убивала луѓе и на крајот ги мелела нивните остатоци за полесно уништување на доказите.
На почетокот на февруари, членовите на кланот беа уапсени и осомничени за убиство, изнуда, киднапирање и трговија со дрога. Полицијата тогаш изврши претрес на повеќе од 30 локации, вклучително и стадиони Партизан и Црвена звезда.
извор:24sata.hr