Куклите ги заменила со трактор: Маја од 7 години вози, а земјоделските работи ги врши како маж
Своето место во земјоделските работи, пронајде и една студентка од факултетот за земјоделство, која уште од детството е на трактор. 18 - годишната Маја Томаш е вредна девојка од Руското село кај Кикинде, ги тргна сите предрасуди дека жените не може добро да ги вршат земјоделските работи.
„Трактор возам од својата 7 година, а сета љубов кон земјоделските машини ја наследив од својот татко. Како дете одев на нива со него, кога се товараше сеното, секогаш бев прв за да го возам тракторот. Таа љубов продолжи за време на целото детство, а сега е посилна. Не ми е тешко да станам и во рани зори да ги завршувам работите. Орање, сеење, ѓубрење, сето тоа се завршува, не кога вие сакате, туку кога мора да го направите“ - раскажа Маја за Телеграф.
Интересно е тоа што за прославата на полнолетството Маја многу се израдувала на подароците.
„Пријателите толку добро ме познаваат, па сите ми купија мали трактори. Никогаш не ме интересираа „женските“ приказни, модата, шминката, куклите, моите интереси припаѓаат на природата, посевите и сточарството, затоа и одлучив да се запишам на Земјоделскиот факултетот во Нови Сад.
Покрај се, желба и е да се врати во родното место. Напоменува, дека некој мора да го наследи татко и, а таа е тука да ги продолжи чекорите на својот дедо и еден ден на татко и да му купи нов трактор, во знак на благодарност за секое добро кое го пружил во нејзиното воспитување и растење.