Лепа Брена ја покажа јахтата од 900.000 евра: Закотвена е во Црна Гора, а глетката е нереална
Семејството Живојиновиќ често крстари со семејната јахта...
Пејачката Лепа Брена веќе некое време престојува во Црна Гора, а сега ја покажа и семејната луксузна јахта.
Имено, Брена го забележа погледот во кој ужива и го сподели со своите следбеници на Инстаграм, а по тој повод ја сними и јахтата закотвена во Црна Гора.
Брена и нејзиното семејство често крстарат самостојно, а сопругот на пејачката, поранешниот тенисер, Боба Живојиновиќ со своето семејство, го прослави својот 57-ми роденден на јахта која беше закотвена во Монте Карло.
Инаку, јахтата на Живојиновиќ, која крстари низ целиот свет, наводно чини околу 890 000 евра.
После тоа, пејачката објави фотографија на која се гледа прекрасен букет црвени рози и чаша пијалок во кој ужива, а напиша: „Добредојдовте“.
Како изгледа јахтата на семејството Живојиновиќ, како и кадрите што ги забележа Брена, погледнете ги во продолжение: