Лијам Пејн потврди: Дикси и јас снимивме божиќна песна

Лијам Пејн потврди: Дикси и јас снимивме божиќна песна

Објавена во: Музика, YouTube ѕвезди

Сакаше ова да го најави во петок, но обожавателите беа побрзи...

Лијам Пејн потврди дека соработува со познатата ТикТок ѕвезда, Дикси Ди Амелио на божиќната песна „Naughty List“ и обожавателите се надвор од себе, јавува Seventeen.

Обожавателите на ТикТокерката и пејачот веќе долго време сами истражуваа дали подготвуваат нешто во нивната заедничка работилница, а сега пејачот конечно го потврди тоа и ги развесели оние кои се надеваа на соработката.

„Имав грандиозен план за во петок да објавам со кој соработувам на новата божиќна песна „Naughty List“, но вие, како вистински детективи, тоа го откривте пред мене. Многу сум возбуден што Дикси Ди Амелио ми се придржува на овој проект и сакам срдечно да ја поздравите и да ѝ посакате добредојде во нашиот тим, а во петок може и да ја слушнете нашата заедничка песна. Апсолутно се заљубив во ТикТок и сум многу возбуден што сето тоа ме доведе до забавните соработки со Дикси и нејзиното семејство во очи на овие празници“ - напиша Лијам на Инстаграм.

Обожавателите под фотографијата воодушевено пишуваа дека едвај чекаат да ја слушнат песната, а прилично сме сигурни дека многу брзо ќе биде „тренд“ на ТикТок, Јутјуб и останатите социјални мрежи. Уште малку, па ќе слушнеме како тие двајца звучат заедно!



Објавена во: Музика, YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: