Лина во дует со Амар Гиле ја отпеа „Поноќ“: На Копаоник ги освои сите присутни со својот глас
На почетокот на минатиот месец, младата пејачка Антониа Гиговска заедно со нејзиното момче Иван беше на зимување на Копаоник, едно од најпознатите места во Србија, а од таму се појави видео кое ги заобиколи социјалните мрежи. Имено, за време на настапот на српскиот пејач Ацо Пејовиќ, Антониа застана на сцената со него и во дует ја испеаја песната „Поноќ“ од филмот за Тома Здравковиќ.
Сега, еден месец подоцна истата ситуација и се случи на талентираната Лина Пејовска. Локацијата е иста, сцената е таа, но партнерите во дуетот се различни. Лина во оваа прилика запеја со Амар Гиле, победникот на една од сезоната на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
Искусниот пејач не го криеше своето воодушевува од гласовните способности на нашата Лина, а тоа може да се види од видеото кое младата пејачка го сподели на својот Инстаграм профил.