„Поноч“ од филмот „Тома“ испеана од срце: Антониа Гиговска запеа со Ацо Пејовиќ
Антониа Гиговска и Иван Јованов моментално се на Копаоник, каде што ги минуваат празниците.
На вечерна забава таму синоќа, настапувал српскиот пејач Ацо Пејовиќ ,на чиј настап бил и познатиот македонски пар каде во еден момент, Антониа му се придружила на сцената и заедно, од срце, ја пеат „Поноч“ - песната од филмот за „Тома“.
И се разбира, двајцата тоа го прават маестрално.
Инаку Ацо е гласот кој се крие позади вокалот на Тома Здравковиќ во истоимениот филм.