Листа на ѕвезди кои во 2022 година добија бебиња: Изгледа во Холивуд имаше „бејби бум“ (ФОТО)

Листа на ѕвезди кои во 2022 година добија бебиња: Изгледа во Холивуд имаше „бејби бум“ (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Кои познати ѕвезди ги посети штркот оваа година?

Многу ѕвезди и познатите личности ги проширија своите семејства оваа година.

Ајде да се потсетиме кои познати личности добија бебиња во 2022 година.

# Пријанка Чопра

Пријанка и нејзиниот сопруг Ник Џонас станаа родители во јануари оваа година. Актерката и пејачот добија ќерка благодарение на сурогат мајка. Малата Малти Мари е родена предвреме и помина повеќе од 100 дена на одделот за неонатална интензивна нега. Но, на крајот сè помина добро. Сега Пријанка и Ник уживаат во родителството, а актерката одвреме навреме објавува фотографии со бебето. Сепак, за да ја заштити приватноста на Малти, таа секогаш ѝ го крие лицето.

# Ешли Греам

Најпознатиот плус сајз модел годинава имаше двојна причина за среќа. Во јануари роди близнаци, две момчињата. Со сопругот Џастин на децата им ги дадоа имињата Малахи и Роман.

# Кајли Џенер

Познатата реалити ѕвезда го роди своето второ дете овој февруари. Синот е роден само еден ден откако нејзината ќеркичка Сторми го прослави својот 4-ти роденден. Иако, со партнерот Тревис Скот, на бебето му го дадоа името Волф, еден месец подоцна се откажаа од тоа име, бидејќи како што кажаа „едноставно не им одговарало за него“.

# Рози Хантингтон Вајтли

Манекенката и нејзиниот споруг Џејсон Статам на почетокот на февруари станаа родители на девојчето Изабел. За разлика од многу холивудски родители кои на своите деца им даваа необични имиња, Рози и Џејсон се одлучија за прилично традиционално име. Изабел е нивно второ дете, родено 5 години по раѓањето на нивниот син Џек.

# Џенифер Лоренс

Актерката во февруари роди машко бебе, кое таа и нејзиниот сопруг го крстија Сај, по американскиот сликар Сај Тумбли.

# Ријана

Пејачката и раперот АСАП Роки во мај роди машко бебе, чие име уште не го откриваат, а откако љубоморно го држеше далеку од очите на јавноста, Ријана изненади со видеото што го објави на ТикТок на кое се гледа нејзиниот седуммесечен син.

# Софи Тарнер

Актерката која остана запаметена по улогата на Санса Старк во хит серијата „Игра на тронови“ и нејзиниот сопруг, музичарот Џо Џонас, овој јули добија второ девојче, чие име уште не го откриваат.

# Клои Кардашијан

Ријалити ѕвздата ги изненади фановите на кланот Кардашијан кога објави дека го очекува своето второ дете со пшартнерот Тристан Томпсон, кое ќе го роди сурогат мајка. Малото момче пристигна на светот во август. На нејзините обожаватели не им е јасно ваквото проширување на семејството, со оглед на многуте турбулентни епизоди кои ги имаше оваа двојка во нивната врска.

# Адриана Лима

Бразилскиот модел во август роди син. Таа и нејзиното момчето Андре Лемерс го нарекоа Цјан.

# Ребел Вилсон

Во ноември оваа актерка ја доби ќерката Ројс Лилијан. Таа преку објава на Инстаграм и се заблагодари на сурогат мајката. 

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: