Љубов голема: Десетгодишно девојче ѝ го спаси животот на својата помала сестра откако повторно ѝ беше дијагностициран рак

Љубов голема: Десетгодишно девојче ѝ го спаси животот на својата помала сестра откако повторно ѝ беше дијагностициран рак

Објавена во: Совети // Семејство


Шарел Гили, девојче со акутна лимфобластична леукемија (АЛЛ) дијагностицирана на тригодишна возраст, а болеста и се врати како акутна миелоидна леукемија. Поради ретка компликација, хемотерапијата ги оштетила клетките на коскената срцевина, а единствената надеж била трансплантација на коскена срцевина и матични клетки.

Нејзината 10-годишна сестра Шантија беше 100 процентен дарител.

Операцијата е направена овој месец, а двете девојчиња сè уште се закрепнуваат. Мајката Џоана Вилијамс рече дека Шантија е решена да и помогне на својата сестра:

„Да, да, да, сакам, ќе ја спасам“ изјави повозрасната сестра.

Шарел минатиот месец повторно беше подложена на хемотерапија за да ги искорени сите канцерогени клетки, но нивото на нејзините клетки од леукемија остана високо.

На семејството му беше даден избор помеѓу трансплантација и палијативна нега и тие решија да продолжат со трансплантацијата. „Ако не се обидеме, никогаш нема да дознаеме“, рече Џоана.

Шарел храбро издржа пет години борба, вклучително и изолација за време на пандемијата. Сега, кога е во болница, таа ужива да танцува, да пее, да си игра и да поминува време со своето терапевтско куче.

На крајот на август таа ќе биде подложена на тест за да се утврди дали трансплантацијата била успешна. Засега семејството само нетрпеливо ги чека двете ќерки од болница и сите се надеваат дека наскоро ќе бидат заедно.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: