Љубов на повидок: Бака Прасе во новото видео ја претстави својата девојка?

Љубов на повидок: Бака Прасе во новото видео ја претстави својата девојка?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Дали го добивме новиот пар на Јутјуб сцената или Бака Прасе само добро се пошегува со нас, се уште не знаеме. Но, видливата хемија помеѓу Бака и Ивана во видеото сите ги заинтригира...

Познатиот регионален јутјубер Бака Прасе пред некој ден ја објави новата песна „Мацан“, но од самата песна, голема прашина крена мистериозната Ивана, девојка која се појави во новото видео.


Имено, Бака сподели видео со Ивана и ја нарече своја девојка, а иако на почетокот изјави дека се е само шега и дека тие двајца не се заедно, хемијата помеѓу нив во видеото е навистина очигледна, а за ова се сложија и некои обожаватели.

Во својата реакција на реакцијата на другите за неговата песна, Бака ги коментираше мислењата на другите јутјубери за видеото, песната и Ивана, а таа цело време седеше покрај него и заедно со него коментираше.


Иако неколку пати нагласи дека се шегува кога вели дека Ивана е негова девојка, можеби сепак таа навистина му е : „Каде има чад, има и оган?“

Ивана подоцна на Инстаграм се пошегува дека била „на апарати“ кога видела каков наслов Бака одбрал за нивното прво заеднички видео, бидејќи е јасно дека тие двајца не се момче и девојка.

Но, доколку малку подобро го погледнете видеото може и на вас ќе ви се причини дека помеѓу овие двајца млади сепак нешто се случу... па, што велите?


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: