Лоши вест за љубителите на кучиња: Вашиот миленик не е толку паметен како што мислите
Нијанси се во прашање
Најновата студија покажа дека кучињата веројатно не разбираат сè што ќе им кажете.
И покрај нивната способност да ги толкуваат звуците на говорот, кучињата не можат да разликуваат суптилни разлики помеѓу зборовите на начинот на кој луѓето го прават тоа, откриле тим истражувачи.
Зборовите се состојат од звуци, кои, доколку се променат, го менуваат целото значење на зборот. На пример, англискиот збор „dog (куче)“ може да се претвори во „dig (копа)“, но кучињата веројатно нема да го препознаат тоа.
Истражувачите од универзитетот Eotvoš Loran во Будимпешта ја измериле мозочната активност на домашните кучиња со техника наречена електроенцефалографија. Тие лепеле електроди на главите на кучињата и играле познати зборови како „седи“, но и некои бесмислени зборови што звучеле само како зборови што ги знаат овие кучиња.
Откриле дека кучињата можат да ја препознаат разликата помеѓу познатите зборови и бесмислените зборови кои се многу различни од познатите. Сепак, тие не ја забележале разликата помеѓу зборовите познати за нив и бесмислените зборови кои се разликуваа само малку од оние познати. Кога ќе ги слушнеле тие слични, но бесмислени зборови, кучињата се однесувале како да ги слушаат оние што ги познаваат.
Кучињата се познати по нивната способност добро да слушаат зборови и звуци и се способни да разликуваат некои говорни звуци, истакнуваат научниците од Будимпешта, но се чини дека не можат да разликуваат сè.
"Се чини дека тие навистина не обрнуваат внимание на сите звуци. Ако земете во предвид" нормално "куче, тоа куче може да научи само неколку команди во неговиот живот", изјави за Си-Ен-Ен водечката авторка на студијата Лила Маѓари.
Сепак, не дозволувајте ова да ве разочара.
Иако кучињата можеби не ги препознаваат сите нијанси, Маѓар нагласува дека студијата потврдила дека тие навистина го слушаат човечкиот говор и не секогаш реагираат само на она што го знаат.
„Ова покажува дека кучињата можат да разликуваат зборови што ги знаат од некои целосно бесмислени зборови“, рече научникот, нагласувајќи дека тие регистрирале активности на мозок кај семејни кучиња дури и кога слушале непознат глас како изговара зборови што ги знаеле.
Резултатите од студијата беа објавени во вторникот во списанието Royal Society Open Science.
Можеби ќе ве интересира:
(ВИДЕО) Вистински гениј: Дали е ова најпаметното куче на светот?