Луна во 7-ми месец од бременоста изгледа прекрасно во тесен црн фустан: А само да видите како изгледа баба Анабела... (ФОТО)
Луна на медиумите им откри и како се носи со втората бременост...
Пејачката Анабела
Атијас неодамна настапи на настан во Белград, а како нејзина поддршка се
појавија ќерките Нина и Луна.
Луна во седмиот месец бременоста носеше во тесен црн фустан во комбинација со сандали додека нејзината сестра, која неодамна наполни 18 години, се одлучи за посмел изглед.
Луна за медиумите се осврна на нејзината бременост, а потоа откри како нивната наследничка Мија реагира на тоа што ќе добие помлада сестра.
- Знаеш дека ретко излегувам, семејството ми е на прво место. Мајка ми ми кажа дека настапува и јас реков дека сакам да дојдам и се чувствувам навистина одлично. Морам да кажам дека оваа бременост ми е потешка, бидејќи кога бев бремена со Миа имав повеќе време. Мојот фокус е на Миа и не размислувам толку за бременоста. Миа е свесна дека мама има бебе во стомакот. Ја подготвуваме за тој момент, ја гали и бакнува по стомакот. Таа е симпатична и чувствителна - изјави Луна.
Истакна дека како трудница не е напорна, но дека малку ја фаќа паника бидејќи се уште не е сигурна како ќе се снајде со две бебиња.
-Малку ме фаќа паника како ќе се справам со две бебиња, но ќе се потрудиме Миа на најдобар можен начин да ја прифати својата сестра. Не сум трудница со барања, а Марко навистина ми помага во се - додала Луна за српски Блиц.
Фото:Instagram/lunadjogani/anabelaatijas