Мадона сè уште е под надзор на доктор: Менаџерот ја откри вистината, таа е на интензивна нега
Во саботата Мадона беше примена во болница во Њујорк, каде што ќе остане подолго од предвиденото, иако на 15 јули требаше да оди на голема славеничка турнеја, тоа најверојатно нема да се случи.
Инаку, Мадона во саботата заврши во болница откако беше пронајдена во онесвестена во својата соба и таа се уште е под надзор на лекари, а на ова, според странските медиуми, претходел премор поради турнејата на поп дивата.
Извор близок до пејачката изјавил дека Мадона целосно се посветила на вежбање и работела по дванаесет часа дневно, што влијаело на нејзиното здравје.
Во болницата во Њујорк каде што била примена, Мадона прво била интубирана и сместена на интензивна нега, а потоа и екстубирана и префрлена на друго одделение. Нејзината најстара ќерка Лурдес Леон наводно била цело време со неа, а на социјалните мрежи објавила провокативни фотографии кои предизвикале гнев кај обожавателите кои се молеле за брзо закрепнување на нејзината мајка.
Менаџерот на Мадона објасни дека пејачката е хоспитализирана поради сериозна бактериска инфекција, поради која завршила на интензивна нега и дека сите очекуваат таа целосно да закрепне. Тој истакна и дека ќе ја информира јавноста за новиот датум за почеток на турнејата.
Најавената турнеја е одложена, судејќи според неговите зборови, но, како што вели друг извор за Page Six, Мадона не го сака тоа, туку сака да се врати на пробите веднаш штом ќе биде подготвена..
Фото: madona/instagram