Мајка и ќерка - или сестри? Синди Крафорд и Каја Гербер на Олимписките игри го освоија Париз во исти модни изданија
Поранешниот топ модел Синди Крафорд пристигна на Олимписките игри во Париз со својата наследничка...
Синди Крафорд и нејзината ќерка Каја Гербер блескаа во соодветни комбинации на отворањето на „Омега хаус“ во Париз.
И двете дами, амбасадори на луксузниот бренд познат по своите часовници, се претставија во елегантно издание кое го отсликува класичниот стил на „Градот на светлината“.
Славната мајка и нејзината наследнча покажаа како истото парче облека може совршено да стои на 23, но и на 59 години.
Еден од најпознатите топ модели на 90-тите, Синди Крафорд, за време на церемонијата одржана на маргините на актуелните Олимписки игри во Париз, се одлучи за малку подолга верзија на класичн црн фустан со елегантни детали и плисирано деколте, кое го комплетирлан со светло црвена чанта и минималистички златен накит, вклучувајќи дискретен ѓердан и мали обетки.
Каја, пак, избрала вистински малечок црн фустан на Гучи со модерен крој и малку подлабоко деколте, со што ја истакнала нејзината младешка енергија. Таа го заокружи овој изглед со дијамантска огрлица со мал привезок, сандали со шилести врвови во бордо црвена Гучи чанта од истата модна куќа.
И мајката и ќерката се одлучија за долга коса пуштена во нежни бранови, а она што се издвои како детал на нивните раце се луксузните часовници на брендот „Омега“ чии амбасадори се и тие.
Покрај присуството на отворањето на куќата Омега, Крафорд и Гербер моментално се во Париз на Олимпијадата.
Свеченото отворање супермоделот го следеше од трибините во друштво на ќерката, а некои од најинтересните моменти ги сподели на својот Инстаграм профил.
На една фотографија, маката и ќерката позираат со соодветни црвени чадори на улиците во Париз, а Синди сподели и видео од неа и Каја како плескаат и уживаат во акцијата од трибините.
– Каков одличен почеток! - напиша Крафорд во описот на својата објава и додаде: - Одиме, Тим САД!
Фото: ИнстаграмИзвор: Glossy.espreso.co.rs