Мајка ѝ поставила строги правила за разубавувањето на својата 12-годишна ќерка: Дали претерала со забраните?
Јазот помеѓу генерациите често доведува до расправии меѓу родителите и децата...
Елиза Никсон на ТикТок сподели список со правилата во врска со разубавувањето до кои нејзината 12-годишна ќерка мора да се придржува.
И самата свесна за тоа колку оваа тема е тешка за родителите, мајката во видеото објаснила дека нејзината наследничка Миа сака многу работи да испроба, но дека таа смета дека за некои третмани сепак треба малку да почека.
Забраните ги поделила во 5 категории, а првата се однесува на отстранувањето влакна од телото.
„Отстранувањата на влакната е во ред и дозволено ѝ е сѐ, освен ласерските третмани“ - категорична е Елиза.
Понатаму, на ќерка ѝ ѝ дозволила да користисти едноставно средство за чистење на кожата и крема за заштита од сонце.
Работите малку се искомплицирале кога на ред дошла употребата на шминка.
„Најмногу би сакала Миа воопшто да не се шминка, но многу нејзини пријателки се шминкаат, па морав да направам компромис. Дозволено ѝ е да користи коректор за да ги прикрие мозолчињата, но било кој друг вид на подлога на нејзини години не доаѓа предвид. Исто така, може да користи виткач за трепки и проѕирна маскара, како тониран сјај за усни. Црната маскара не доаѓа предвид“ - децидна е Елиза.
Кога станува збор за негувањето на косата, оваа мајка не ѝ дозволува на својата 12-годишна ќерка да оди на хемиски третмани за коса.
„Има преубава руса коса. Вистина, косата почна да ѝ поприма потемни тонови, па посака да користи блаш, но јас сум против тоа“ - искрена е мајката.
Миа може да има пирс само на ушите - по два на секое уво. Повеќе од тоа може да стане предмет на разгледување само кога ќе наполни 15 години.
Во видеото кое го сподели на ТикТок, Елиза напомен адека Миа ќе мора да ги следи овие правила барем додека не наполни 13 години. Потоа, можеби до одреден степен ќе ревидира одредени забрани.
„Одлуките што ги носам стануваат сѐ потешки како што расте Миа. Животот е многу поедноставен кога децата се мали и сѐ за што би требало да се грижите како родители се рутините за спиење и времето поминато пред екран“ - искоментира Елиза.
@thetwixons Replying to @caitlinrowson4 These are my rules around each beauty category. Can I just say, decisions are getting so much harder as she gets older. Life is so much simpler when they’re little and all you have to worry about is screen time and bed routines #my5rules #beautyrules #teenmakeup #beginnermakeup #teenskincare #mumsoftiktok #momsoftiktok #thequickflickreview #quickscreen #beautyforteens #colesbeautyfinds original sound - Eliza Nixon
Откако го изгледаа видеото, нејзините следбеници имаа подели мислења. Додека некои мислеа дека Елиза е премногу строга и ригорозна, други ја поддржаа во забраните што ѝ ги поставила на својата ќерка.
Што мислите, дали Елиза претерала со забраните?
фото: Принтскрин / ТикТок