Мајка на својата ќерка и го подарила својот веренични прстен: Корисниците на Интернет ги навредуваат
Жена од америка на група на Фејсбук во која луѓето ставаат фотографии од своите необични прстени, а други потоа ги осудуваат, објави фотографија од прстенот кој го добила од својата мајка. Имено, не станува збор за нормален прстен, туку за малку поголем златен прстен, со округол дијамант кој наликува на округла квака за врата.
„Со овој прстен мојот татко ја запроси мајка ми во 80 - тите. Не знам колку карати има, но сакам да го викам „Уништувач на џемпери“ - напиша во другата и додаде дека го добила кога наполнила 18 година, пишува The Sun.
Луѓето во коментарите напишале: „Ова е грозно, дури и за таа година“, „Ја мрази ли твојот татко мајка ти?“, „Ова е најубасниот прстен кој сум го видела“.