Мајка поканила 27 деца на третиот роденден на ќерката и никој не се појавил: Видеото од девојчето кое само седи покрај декорираната маса ќе ви го скрши срцето
Седум семејства потврдиле дека ќе дојдат - три утрото на роденденот го промениле своето мислење, додека останатите не се појавиле...
Мајката Бреана Стронг вели дека дала сѐ од себе да организира најдобра прослава за третиот роденден на својата ќерка Ејвори. Изнајмила простор за игра, нарачала пици и нарачала преубава „Frozen“ торта, но останала скршена кога ниту едно од 27-те повикани деца не се појавило.
На ТикТок сподели видео во кое ја покажа својата ќерка како јаде парче пица, додкеа сама седи на масата и во описот напиша: „Повикавме 27 деца на третиот роденденот на Ејвори. Ниту еден нејзин пријател не се појави“.
Откако ја фрлила кутијата од пицата во корпа за отпадоци, додаде: „Залудно потрошени пари и време. Ова ми го скрши срцето. Буквално ќе одам дома и ќе го прегрнам своето девојче“.
Луѓето набрзо почнале да изразуваат емпатија во коментари, а една корисничка напиша: „Ова е правило во мојата куќа. Ако сме повикани, ОДИМЕ! Единствени бевме што се појавивме. Многу е тажно што се случува ова, многу ми е жал“.
„Ова ми се случи на мојот 16-ти роденден“ - откри друга корисничка. „Никогаш повеќе не се обидов, додека не наполни 26 години и повторно се случи. Имам 39 години, сега секогаш се почестувам самата себе“.
Бреана додаде дека мислела дека ќе има доволно деца на роденденот, но ситуацијата се променила во последен момент, пренесува „The Sun“.
„Беше планиран настан на Фејсбук. Седум семејства кажаа дека ќе дојдат, а три тоа утро го променија своето мислење, а останатите не се појавија“ - откри таа во еден коментар.
фото: Принтскрин / ТикТок