Мајка шокираше со изјавата: Мојата ќерка има 10 години и е милионерка - ќе се пензионира на 15
Има 10 години и 2 успешни компани...
10-годишното девојче од Австралија кое заработило милиони за само една година, може да се пензионира на 15 години. Пикси Кертис, со помош на нејзината мајка, во март 2020 година ја основаше компанијата за играчки „Pixie's Fidgets“, која веќе има огромен профит.
Првите играчки се распродадени во рок од 48 часа од лансирањето, што на компанијата ѝ помогнало да заработи милиони уште во првиот месец од работата.
10-годишното девојче, исто така има уште една компанија - „Pixie's Bows“ - која нејзината мајка, Рокси Јаценко, ја основала уште кога била бебе. Станува збор за производи кои вклучуваат додатоци за коса.
Рокси е горда на својата ќерка, а девојче има многу обожаватели на социјални мрежи. Кажа дека Пикси може да се пензионира на 15 години ако сака.
„Нашата семејна шега беше дека ќе работам со својата 100-та година, а дека Пикси ќе се пензионира на 15 - сигурно знам кој е попаметен“ - кажа Јаценко.
Мајката додаде дека не сака нејзиното девојче се чувствува принудено да рбаоти за компанијата, бидејќи среќата на Пикси ѝ е најважна.
Девојчето е сензација во Австралија и има повеќе до 100.000 следбеници на Инстаграм. До својата 6-та година ѝ плаќале по 600 долари за спонзорирана објава.
Рокси станала позната по тоа што на децата им купувала луксузни подароци, како дизајнерска облека и скапи автомобили. Во август купи нов Mercedes-Benz GLS за Пикси и нејзиниот помлад брат Хантер (7).
фото: Принтскрин / Инстаграм