Мајка ти постојано те критикува за нешто: Откриј како тоа влијае на твојата иднина!
Позади секоја напорна мајка стои успешна тинејџерка.
Сите расправии и кавги со мајка ти на крајот би можеле да ти се исплатат - бидејќи твојот напорен родител најдобро те подготвува за успех, велат истражувачите.
Поставувањето на високи стандарди значи дека е помалку веројатно дека ќе дојде до непосакувана бременост или други „застои“ во животот, откриваат тие. Исто така, поголеми се шансите дека ќе се запишете на факултет и уште помалку веројатно е дека ќе бидете невработени или ќе имате лоша плата кога конечно ќе добиете работа.
Студиите на Универзитот во Есекс велат дека предноста на напорните родители е најизразена помеѓу најмалку академско настроените тинејџери, кои често немаат пријатели или професори кои би ги поттикнале на напредок. Истражувачката Ерика Раскон - Рамирез вели: „Во многу случаи успевате да го направите она што сметате дека е најдобро за вас, дури и кога тоа било против вољата на вашите родители. Но, без оглед на тоа колку се трудите да ги избегнете советите на родителите, многу е веројатно дека на крајот на некој суптитлен начин, токму тие ќе влијаат на изборите кои сте сметале дека се само ваши“.
Студиите кои ги проучувале животите на учениците на возраст од 13 и 14 години од база податоци за 15.500 ученици, заклучиле дека мајките имаат најголема моќ за критување. Наодите, претставени на конференцијата на Кралското економско друштво, откриваат дека родителите со високи очекувања може да ја намалат за 4% шансата тинејџерките да забременат.
Можеме да заклучиме дека тоа критување на мајките можеби и не е најлошото нешто што може да се случи во животот на една тинејџерка - барем не долгорочно!