Мајката на Кика Ѓукиќ се огласи по одлуката на обвинителството: Мојата Кика не се уби, некој голем стои зад ова (ВИДЕО)
Наташа раскажа дека наскоро ќе откри секакви работи...
Јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ трагично почина ноќта помеѓу 8 и 9 декември, во изнајмениот стан во Белград, а со месеци наназад се испитува вистинската причина за нејзината смрт.
Поради ова се огласи и Наташа, мајката на Кика, која се пожали дека еден час се обидувала да го демантира исказот на обвинителството на социјалната мрежа Инстаграм.
„Еден час се обидувам да објавам на Инстаграм дека обвинителството официјално изнесе дека Кика извршила самоубиство. Што е единственото нешто што сигурно не го направила. Според тоа, некој голем стои зад сето ова. Сѐ ќе ви раскжаа во објавата која ќе ја направам на каналот на Јутјуб на Кика“ - кажа таа.
Како што се дознава неофицијално, Кика два пати се обидела да се самоубие со скок од Бранковиот мост, се лекувала во клиниката за психијатриски болест „Д-р Лаза Лазаревиќ“ во годината на критичниот настан. Според наводите на „Блиц“, на компјутерот во собата во која е најдено нејзиното тело оствила проштални пораки адресирани до повеќе личности, а во моментот кога си го одземала животот била сама.
Меѓутоа, Наташа во разговорот за „Информер“ се осврна и на договорите на ќерка ѝ, по па по повод изјавите на обвинителството нагласи:
„Не можам да верувам дека за ова дознавам од портал, а не од обвинителството. Зарем не требаше прво мене да ме известите, срам да ви е! Ова е само криење на вистината, за да се прикрие што точно се случило. Како прво, инспекторот кој вршеше увид лажеше велејќи дека не постои видео надзор во зградата, најверојатно од причина што личноста која ја нашла мртва, ќерката на негов колега и чија мајка работи во обвинителството, а голема е веројатноста дека таа тој ден ја посетила и ја оставила да умре“ - почна таа, а потоа продолжи:
„Како второ, кога на тој ист инспектор му се јавив дека станот е отпечатен, го прекина разговорот со мене и ја повика таа личност да ја извести дека станот е отпечатен и да му ја даде шифрата за влез во зградата, а кога му го посочив тоа, ми кажа дека тоа не е вистина, но иако тоа не е дозволено, разговорот го снимив, како со него, така и со неа. Истиот инспектор ми кажа дека кај неа се најдени 50 екстази за кои од нејзин другар дознав дека ги нарачала за другата од Баново брдо, а кога го прашав, ако нарачала 50, а се најдени 50, што испила тогаш, тој по кратка пауза ми одговори дека не биле баш 50. Само два блистери со бензидин од 3 милиграми беа испратени на обдукција, а МДМА не беше споменета“.
„На обвинителството му документирав дека ден пред смртта на Кика некој отворил канал на Јутјуб со логото и името на Кика и дека ден по нејзината смрт го објавил првото видео за нејзината смрт. До денес не ми е кажано која е таа личност. Трето, а можеби и најважно, исчезна дневникот на Кика, кој ги содржеше сите лозинки на нејзините и моите социјални мрежи, но и на банките. Сите нејзини договорени работи за оваа година беа во тој дневник. Таа евидентираше буквално сѐ, кога и што јаде, со кого се слуша, гледа и слично. Од кога наводното проштално писмо напишано на компјутер се третира како валидно? Прошталното писмо напишано со рака е единственото нешто што се смета за валидно. Секој може да напише што сака на компјутер, но секако не и да пишува, особено што Кика имаше специфичен ракопис. Дали човек кој имал милионски договори за оваа година би извршил самоубиство? Засрамете се!“ - заклучи Наташа Ѓукиќ Величковиќ, мајка на покојната Кика, во писмото испратено до споменатиот медиум.
фото: Принтскри / Јутјуб / Инстаграм