Мајли открива зошто уште не сака да има дете!
Во неодамнешното интервју за списанието Elle, Мајли Сајрус отворено проговори на прашањата за мајчинството и ги објасни причините поради кои се уште не сака да стане мајка.
Веста за причините поради кои не сака да биде мајка, ги објави порталот Bustle, а изненадувачки е тоа што причините се исти како оние пред неколку години.
Да се потсетиме, Мајли Сајрус и Лиам Хемсворд вечавката ја планираа уште од 2012 година кога прв пат беа во врска, а откако раскинаа оваа идеја заврши се до нивното повторно спојување во 2016 година.
Иако делуваат како совршен пар, нивната врска се разнишува по прашањето за деца, но како причина за ова Мајли наведува дека сака уште некое време да помине пред да се одлучи да се оствари како мајка.
Сега работата е малку поинаква. Имено, бидејќи минатата година го изгубија својот дом на Малиби поради катастрофалниот пожар кој ја зафати цела Калифорнија, Мајли започнала интензивно да размислува за глобалните прашања за начинот на кој се однесуваме кон планетата Земја.
Таа смета дека за таквите елементарните непогоди Земјата ни враќа, односно се однесува кон нас така како што ние се однесуваме кон неа.
Па поради ова, Мајли заклучила дека не сака да има деца и да ги одгледува во ваква цивилизација која многу малку се грижи за глобалните прашања, која е клучна за опстанок на цивилизицијата. Ставот на Мјали вели дека секој би требало да размисли за тоа што Земјата ни дава, а како ние и враќаме.