Македонски јутјубери му го разубавија животот на чичко Ванчо: Илјадници луѓе се воодушевени од нивниот гест
Со цел да им помогнат на загрозените семејства, но и бездомниците, група момчиња го создадоа прокетот „Big Bucks“. Во овој проект семејствата и лицата на кои им е неопходна помош ќе имаат шанса да ја раскажат својата приказна, да се чувствуваат убаво барем на одреден период, но и да добијат одредена помош.
На нивната листа прв се најде чичко Ванчо, за кој велат дека е човек со големо срце. Тие му направија комплетна трансформација, а на крајот му дадоа и 20.000 денари за да може да си ги купи работите кои што ги сака.
Раскажувајќи ја својата животна приказна, чичко Вачно откри дека порано работел на градилишта, работел како таксист, како столар, но исто така и во рудник во Пробиштип, но вели дека стигнал до оваа состојба, бидејќи му се налил видот и дека сега едвај гледа.
Момците од „Big Bucks“ ветија дека во следниот дел од нивниот проект, ќе го однесат на лекар и ќе се обидат да му помогнат да си го врати видот.
Инаку, во описот на нивното прво видео стои дека следното ќе може да го гледаме доколку видеото со чичко Вачко собере 10.000 прегледи, а бидејќи тоа е остварена мисија, многу наскоро може да очекуваме втора епизода.