„Македонско девојче“ и „Јовано Јованке“ ечат на Кнез Михајлова: Антониа Гиговска приреди спектакл на најпознатата улица во Белград (ВИДЕО)

„Македонско девојче“ и „Јовано Јованке“ ечат на Кнез Михајлова: Антониа Гиговска приреди спектакл на најпознатата улица во Белград (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Деновиве младата пејачка има неколку работни ангажмани во српската престолнина, а слободното време го искористи за да прошета.

Додека ја шеташе најпознатата улица „Кнез Михајлова“, застана и им се придружи на уличните музичари. На видеата кои Антониа ги сподели на социјалните мрежи, може да слушнеме како музичарите ги свират македонските народни песни „Македонско девојче“ и „Јовано Јованке“, а нашата пејачка ги следи со својот раскошен глас.

Неколку случајни минувачи дури и стојат и уживаат во изведбата, а аплаузот на крајот е одличен доказ за тоа колку добро Антониа си ја завршила работата.


Може да ве интересира: 

„Компотот“ стана хит на социјалните мрежи: Како помина Антониа Гиговска на првото гостување кај Огњен Амиџиќ? (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: