Малку познати факти за Чарли Ди Амелио: ТикТокерката откри која ѝ е најлоша навика и дали верува во хороскоп
Тинејџерите не сакаат да читаат премногу долги интервјуа, па затоа Чарли Ди Амелио направи едно за магазинот „Nylon“, што е крајно компактно! Младата ѕвезда одговори дури на 14 прашања, а ние ви ги одбравме оние најдобрите, плашејќи се дека сите 19 ќе ви бидат премногу. Најинтересните теми секако се поврзани со она што не е толку познато за неа, а се однесува на нејзините лоши навики.
Ја прашаа која ѝ е најлоша навика, а Чарли кажа: „Мојата зависност од кафе... Не може да ми помине денот без кафе. Тоа е лошо“. И да, навистина е лошо. Кафето навистина создава зависност, а е потполно непотребно. Колку пати сте слушнале од луѓето дека не можат да функционираат без кафе и нели е тоа навистина тажно?
Другото интересно прашање е поврзано за хороскопот, што е секогаш интересен. Чарли сепак верува! „Јас сум Бик, и да, потполно верувам во тоа! Сега повеќе ги проучувам астролошките знаци, а забавно е да се истражува и да се чита за тоа“. Инаку, Чарли верува во уште нешто за што сѐ уште нема никакви научни докази, а тоа се духовите.
Кога станува збор за малку пообични теми, малдата ѕвезда истакна дека најчудниот оброј кој го јадела бил цела коцка сирење! „Буквално седнав во својата соба и само ја изедов целата коцка одеднаш. Не го ни сечев, само си грицкав“ - истакна таа.
По овие признанија, ова е уште еден доказ дека Чарли не би станала популарна доколку е само обична девојка.